Вести Магазин Свет

Како изгоре познатиот „Хари Потер“ замок по руските напади во Одеса

Старите готски врвови на познатиот замок со години го разубавуваа погледот кон Црното Море. Жителите на Одеса му дадоа западно име на овој познат и препознатлив замок, „Хари Потер“. По волшебникот од книгите кој живееше во замокот Хогвартс, замок кој потсетуваше на украинскиот.

Но пред два дена, овој замок во кој е сместен и приватниот правен факултет Кивалов беше цел на руски напад насочен главно кон образовни институции.

Од бомбите и последиците на нападот „Хари Потер“ пламна и изгоре.

Во рускиот напад во понеделникот загинаа 4 лица а повредени беа 28 лица меѓу кои една бремена жена, 12 годишно дете и две други деца.

Покрај човечките жртви, настрада и популарниот замок познат меѓу локалното население како „Куќата на Хари Потер“. Тоа е живописна зграда во готски стил, а всушност е палата која му припаѓа на поранешниот украинскиот политичар Серхиј Кивалов.

Замокот на Кивалов е градба во стил на средновековните замоци, реплика која можел да си ја направи самиот Кивалов во близина на главното пристаниште во Одеса.

Според извештајот на информативната агенција UNIAN од 2015-та година, во близина на замокот има тениско игралиште и приватна плажа во рамките на сопствениот морски брег кој е дел од имотот на украинскиот политичар. Тој во меѓувреме во зградата ја отвори и Националниот универзитет „Правна академија-Одеса“. До понеделникот кога зградата настрада во војната во Украина.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Француската полиција застрела маж кој се обидувал да запали синагога во Руен

Дејан Дејан

Пронашле граната од Прва Светска војна и ја однеле во полициска станица

Дејан Дејан

„Пикасо можеби јас“ изложба на македонскиот керамичар Филип Фидановски во Загреб

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе