Спорт Фудбал

Баерн Минхен доби нова „корпа“ ниту Рангник не сака да седне на клупата

Ралф Рангник ќе остане на селекторската клупа на Австрија и нема да ја прифати понудата од Баерн Минхен. Германецот изјави дека останува целосно фокусиран на репрезентацијата и по завршувањето на Европското првенство.

„Јас сум австриски селектор со целото мое срце. Ова не е одбивање на Баерн Минхен туку само одлука за мојот тим и нашите заеднички цели“, изјави Рангник.

Баерн по завршувањето на оваа сезона ќе се раздели со Томас Тухел, одлука што беше донесена уште пред речиси два месеци. Интересно Рангник е третиот тренер што го одбива баварскиот гигант по Чаби Алонсо и Јулијан Нагелсман.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Ѓорче Петров убедлив против бранителот на трофејот

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Еурофарм Пелистер прв финалист во Купот

Дејан Дејан

Каратистите на клубот „Макпетрол“ ќе учествуваат на светската младинска лига во Шпанија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе