Филмови

ОСТРОВОТ НА ЛАГИТЕ – сабота, 04 мај 2024, 00:40

Во раните утрински часови на 2 јануари 1921 година, среде густа магла, парабродот Санта Изабел, со 260 емигранти, упатени за Буенос Аирес, потона во близина на карпестиот брег на островот Салвора. Таа ноќ сите мажи на островот го славеа Божиќ. Единствената надеж на преживеаните, кои се бореле да не се удрат во карпите, биле неколкуте жени, старци и деца кои живееле на ова место. Три девојки од островот, Марија (Нереа Барос), Џозефа (Викторија Теијеиро) и Ципријана (Ана Ока), решаваат да запловата со мал традиционален брод. Веслајќи по слух, низ густата магла и темната ноќ, успеваат да спасат 50 луѓе. Сè што се случува од таа вечер ќе го потресе и промени овој остров засекогаш. Еден аргентински новинар, Леон (Дарио Грандинети), оди во Салвора за да ја истражи веста за бродоломот. Но, малку по малку, тој потврдува дека таа ноќ се случиле премногу страшни „случајности“ на островот. Има многу непознати кои треба да се решат.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФИЛМОТЕКА НА ТЕЛМА 17.01-19.01.2025

Дејан Дејан

ГЛУМЕЈЌИ ГОСПОД-недела, 19 јануари 2025 – 22:15

Дејан Дејан

ВОЗИ МЕ – недела, 19 јануари 2025 – 00:00

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе