Вести Македонија

Здравствени работници бараат повисоки плати, бенефициран стаж, инфективен додаток

Повисоки плати, бенефициран стаж, инфективен додаток за сите без разлика кој на кое работно место е, промена на колективни договори, побараа денеска здравствените работници од ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ во Скопје.

Лазо Костовски, претседател на Независен синдикат на геријатрија, во изјава за медиуми истакна дека ниедна влада немала слух за здравството.

Не само оваа влада, туку и наназад. Здравството пропаѓа, тоне. Првите наши барања, основни што се, тоа се покачување на платите линеарно за сите вработени, сакаме да се променат колективните договори. Особено општиот колективен договор, воопшто не е добар. Затоа што усогласување на минималната плата со колективниот договор и законот за минимална плата, не е усогласено. Треба да се направат измени и во законот за минимална плата и во општиот колективен договор. Договорците на дело, тие во овој момент страдаат повеќе затоа што доаѓаат на работа и саботи и недели и празници, работат за 20.175 денари, колку што е минималната плата, тие се криминални договори, рече Костовски меѓу другото.

Тој кажа дека условите за работа се катастрофални во некои здравствени установи, а апелираше и да се распишат огласи за нови вработувања.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почина 13-годишно момче кое беше меѓу повредените во нападот со мачета во Лондон

Дејан Дејан

Палевски, осомничениот за ликвидацијата на Вања и пензионерот Панче ќе биде екстрадиран, но не се знае кога МВР ќе го преземе

Дејан Дејан

Министерот за правда Кренар Лога потврди дека е дозволена екстрадиција на Палевски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе