Вести Македонија

ФОТО: Хепи birthday dear техникал премиер- торта, фамилија и 62-ри роденден на Талат Џафери во владата

(Фотографии од ФБ профил на Талат Џафери) Талат Џафери, претседателот на владата во техничкиот мандат наполни 62 години, а тортата ја сечеше и свеќичките ги дуваше на прослава која ја организираше за семејството во премиерскиот кабинет во владата.

Фотографиите од оваа семејна прослава во државни простории се објавени на ФБ профилот на Џафери. Прославата е организирана 5 дена откако Талат Џафери поради правосудната кариера на неговиот син Барлет Џафери поради што актуелниот премиер се најде во негативен контекст како партиско-политичко влијание врз правосудсниот систем, во последниот извештај на Фридом Хаус.

Во државно работи и ќерката на Џафери, таа со завршен правен факултет е во секторот за развој и инвестиции во ЕСМ, а имаше функција и дополнителни приходи во истата фирма ЕСМ, кога државната енергетска компанија ја презеде скопска топлификација и ја задолжи ќерката на функционерот со задачи и во таа фирма на ЕСМ.

Џафери цело време тврдеше дека неговите најблиски остваруваат кариера во државно не поради неговото партиципирање во власта туку поради способноста. Парче торта покрај роднините и вработени во владината служба и кабинетот, добија и министрите кои се затекнаа во владата каде имаше закажана седница.

Министерот за економија Крешник Бектеши, како што може да се види од фотографиите, се шета со парчето торта, а присутни беа и министерот за финансии Фатмир Бесими, вицепремиерот Бојан Маричиќ, министерот за здравство Илир Демири.

Во кодексот за етичко однесување на членовите на владата не е регулирано или строго наведено дека, премиер или министер не смеат да канат роднини и да организираат семеjни surprise прослави во просториите каде ја извршуваат функцијата, но сонова за етичко прекршување од страна на Џафери може да се најде во членот 18 став 2 од Кодексот кој вели

-Носителите на извршни функции, владините и другите државни простории, инвентарот, финансиските и техничките средства што им се ставени на располагање во врска со вршењето на функцијата, ги користат совесно и одговорно и исклучиво за вршење на функцијата.

Кодексот важи и за членовите на техничката влада па така и за Џафери, а досега нема информации дали постапка е почната за да се утврди дали премиерот го прекршил Кодексот.

Славеникот, по порцијата благо, се врати на обврските на владина седница, а на неговиот ФБ профил го рекламира помладиот сопартиец, Бујар Османи кој е кандидат за претседтел на државата.

Забелешка: www.telma.com.mk изврши корекција на дел од фотографиите за да ги заштити малолетните лица на нив.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Министерот за правда Кренар Лога потврди дека е дозволена екстрадиција на Палевски

Дејан Дејан

Борба на највозвишеното и најниското во човекот, на отворањето на „Мајските оперски вечери“

Дејан Дејан

НАЈНОВА ВЕСТ: Дозволена екстрадиција на Љупчо Палевски-Палчо

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе