Вести Македонија Топ вести

Собранието го извиси народниот правобранител- не ги изгласа законски измени за поголеми ингеренции и финансиска независност

Народниот правобранител со остра реакција откако собранието вчера не ги донесе долгоочекуваните и неопходни законски измени со кои канцеларијата би добила поголема финансиска и административна независност но и законски ингеренции во работата кои и сега ги извршува без соодветно законско решение. Очекуваат на следната седница Собранието да ја исправи грешката и да ги изгласа измените кои се наведени уште во извештајот на Прибе од 2015 година Канцеларијата на народниот правобранител е единствена во регионот со овие нерешени прашања и без официјалниот статус А.

Собранието го извиси Народниот правобранител бидејќи по една година чекање на вчерашната седница не ги донесе измените на Законот за народниот правобранител со кои требаше да се дадат поголеми овластувања на канцеларијата но и долгоочекуваната финансиска и административна  независност. Причината официјално е административна бидејќи не биле преведени амандманите кои ги доставила партијата Левица.

Законските измени предвидуваат народниот правобранител да ги врши мандатите за следење на спроведување на Конвенцијата за правата на лицата со инвалидност на ООН и Факултативниот протокол и да дејствува како Национален известувач за трговија со луѓе и илегална миграција. Овие два мандата институцијата со години ги врши без законска основа. За итноста од носење на овие измени беше нотирано уште во извештајот на Прибе во 2015 година а континуирано алармира и Советот на Европа.

Народниот правобранител со години наназад се соочува со проблеми во работењето поради намален Буџет и одлив на кадар.

Од канцеларијата апелираа до собранието со оглед дека 149 седница не е завршена да ги донесат неопходните законски измени.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со лажни дијаманти измамил српски државјанин и му зел пари

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 27.04.2024

Дејан Дејан

Пендаровски: Истите луѓе кои упаднаа во Собрание, сега бараат власт, нивната кандидатка за претседател најавува нивна амнестија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе