Вести Македонија Топ вести

Со само еден глас против, Села оди во коалиција со Ахмети

Само еден делегат од таборот на Села бил против да влезат во коалиција со ДУИ. Останатите 115-на од Централното собрание гласале „за„, ова крило од Алијанса за Албанците да се приклучи на Европскиот фронт предводен од Али Ахмети. Села ќе ја предводи листата на оваа коалиција во 5-та изборна единица, а очекуваат и 5 до 6 пратенички места.

На сигурни пратенички позиции се и досегашните пратеници Илире Даути и Елми Азири, како и Наим Бајрами.

Во оваа коалиција се обезбедени пратенички позиции и за претседателите на партиите кои им се приклучија,  Скендер Реџепи Зејд од Народната партија,  Арјанит Хоџа од Европска демократска партија,  Мендух Тачи од ДПА и Иљаз Бејџан од Демократска партија на Турците. На висока позиција ќе се најде и сопругата на Курто Дудуш од Унијата на Ромите за која, како што дознаваме е резервирана петтата позиција во втората изборна единица.

Со исклучок на Села, неофицијално носителите на листите на Европскиот фронт се од ДУИ, и тоа Блерим Беџети во „единицата“,Садула Дураку во „двојката“,Сулејман Баки  во тројката, и традиционално,  Али Ахмети Шестата изборна единица.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сончево и топло со мала локална облачност – Временска прогноза за 29.4.2024

Дејан Дејан

Со лажни дијаманти измамил српски државјанин и му зел пари

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 27.04.2024

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе