Вести Свет

Радев врачи трет мандат, „Има таков народ“ веднаш го вратија – Бугарија ќе оди на нови вонредни избори

Нови предвремени избори како нова надеж за излез од политичката криза во Бугарија кој се очекува да бидат распишани во рок од два месеца. Претседателот Румен Радев денеска се сретна со претставници на „Има таков народ“ на кој им врачи трет мандат за формирање на влада. Но, им предочи и две опции – за една недела да предложат премиер или веднаш да го вратат мандатот. Тие ја задржаа неколку минути и ја вратија празна.

Шефот на државата порача што поскоро да се формира техничка влада за организација на вонредното гласање.

Бугарскиот парламентот останува во функција, а претседателот во наредниот период треба да назначи преодна влада. Тој веќе најави дека итно почнува со средби со потенцијалните привремени премиери

Според новите уставни правила во Бугарија, Радев мора да избира меѓу десет лица на јавни функции за технички премиер. Една од нив е Елена Чернева Маркова, заменичката на народниот правобранител, која вчера поднесе оставка на функцијата, потег што бугарското Собрание го прифати без расправа.

На изборите во април лани, ГЕРБ на Бојко Борисов освои 69 мандати, додека коалицијата предводена од „Продолжуваме со промените“ освои 64 пратеници во 240-члениот бугарски парламент. Нивните обиди за формирање на владин кабинет пропаднаа.

Првиот мандат Радев го довери на ГЕРБ-СДС која не успеа да обезбеди парламентарно мнозинство, па мандатарката Марија Габриел го врати мандатот. Вториот мандат му беше врачен на Николај Денков, кој беше кандидат за премиер на коалицијата „Продолжуваме со промените и Демократска Бугарија“, но и тој се заблагодари на довербата.

Сашко Димовски

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бојаџиевска: Дубравка Угрешиќ не можеше да ја поднесе бруталната комерцијализација на уметноста

Дејан Дејан

Бојмацалиев: Политичките партии да намалат со националистичка реторика

Дејан Дејан

Силјановска со најмногу донации, Пендаровски со најмалку

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе