Вести Македонија

Насилниците не запираат, а жртвите молчат од срам и трпат бидејќи немаат каде

Семејно насилство, сексуално, вербално, па дури и фемицид. Насилството во Македонија е вообичаена појава. Повеќе од половина од жените во нашата држава трпеле насилство пред почетокот на ковид пандемијата, покажува истражувањето на УНФПА. Ден по ден времето поминува, насилниците стануваат се полоши, а жртвите не се подготвени да кренат глас. Страв, срам и многу други прашалници се наоѓаат во нивните глави.

-Насилниците претежно ги обвинуваат жртвите дека тие се виновни. Им велат ти си виновна, еве денеска јадењето не го имаше направено како што треба и затоа јас те тепав, вели Блерита Мустафаи Мазлами, членка на Центарот за женски права „Етика“ од Гостивар.

-Тој почнува со еден удар, па потоа се зголемуваат ударите, па доаѓа до фаза на помирување, па еден период на средување и потоа повторно доаѓа до ескалации, вели Нена Смилев, кординаторка на Организација на жени на Град Скопје.

Најчести насилници се оние кои израснале во семејство со насилство, сметаат дека тоа е нормално и подоцна и тие самите стануваат насилници. Жртва може да биде било кој без разлика на полот, возраста, националноста и било кој друг фактор, а чинот на насилството се врши дома, на улица, на училиште и на многу други места. Во тие тешки моменти најважна е поддршката од семејството. Оние кои не ја добиваат таа поддршка многу тешко ја напуштаат насилната средина, а најчеста причина за нивниот молк е немањето работа и место каде да одат откако ќе го напуштат домот.

Сѐ уште имаме и традиционални семејства кои не сакаат народот да дознае дека ќерката или синот се разведува или е жртва на насилство. На пример, родителите живеат со синот и со снаата и овие одбиваат да ја примат жртвата или да помогнат за децата. Последно што и велат е ти си го избра, трпи го, немаш каде. Не барај од нас ништо, нашето заврши, вели Верица Трајкова Стаменкова, операторка од Национален совет за родова рамноправност.

Не отсуствуваа ниту онлајн насилството. Со појава на новите технологии се зголемува процентот на жртви, а најчесто тоа се младите луѓе. 80% од жените во светот сведочеле на таков вид на насилство, а половина од нив и лично го доживеале. На денешната конференција „Има помош за живот без насилство“ беше заклучено дека сите треба да се охрабрат и да пријават.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Над 10 загинати Палестинци, меѓу кои се осум се деца – биланс од ноќните израелски воздушни напади во Појасот Газа

Дејан Дејан

Извадоци од негови драми, музика на „Леб и сол“ – различни генерации на роденденот на Горан Стефановски во Дебар Маало

Дејан Дејан

Менаџментот на клиниката да го реши проблемот – ДСИ најави контрола на Токсикологија за поплавата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе