Вести Македонија

ДИК спроведе ждрепка за распределба на локации на рекламни паноа и билброди за изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска ги прифати барањата за акредитацијата на набљудувачи на претстојните претседателски и парламентарни избори во државава поднесени од Меѓународната организација за изборни системи ИФЕС и Набљудувачката мисија на ОБСЕ. Членовите на ДИК на седницата констатираа дека за барањата од ИФЕС и ОБСЕ се исполнети условите согласно Изборниот законик.

ДИК на седницата спроведе ждрепка за распределба на локации на рекламни паноа и билброди врз основа на член 78 а од Изборниот законик за партиите на власт,  во опозиција, без пратеничка група и за вонпарламентарни партии.

На седницата беа прифатени барања за изземање на лица од ангажман во општински изборни комисии, кои приложиле образложение со соодветна документација, или пак во нивно име тоа го побарале институции и изврши избор на други лица за претседател, заменик претседател и член на општински изборни комисии

Седницата ќе  продолжи во 13:30 часот со расправа по Предлог упатството за начинот на утврдување на идентитетот на гласачот. На дневен ред се и Предлог упатство за начинот и постапката за чување, обработка и бришење на податоците од отпечатоци од прсти од електронскиот избирачки список. Предлог упатството за начинот на именување на членови на изборички одбори по предлог на политичките партии за изборите за претседател и пратеници, измена на регистарот на радиодифузери и печатени медиуми за избор на претседател и пратеници и други точки.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вреди и ВМРО-ДПМНЕ согласни за заедничка влада по изборите

Дејан Дејан

Павле Трајанов резибран за лидер на Демократски сојуз на 7-от Конгрес на партијата

Дејан Дејан

Бојаџиевска: Дубравка Угрешиќ не можеше да ја поднесе бруталната комерцијализација на уметноста

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе