Вести Македонија

Комеморација за Томислав Стефоски

Зад името на Томислав Стефоски ќе остане една богата политичка и општествена кариера, публицистичка оставина од која може да се прави дел од историјата на Република Македонија. Но освен како политичар и општественик Стефоски може да биде почестен и со звањето публицист, занимање што е високо ценето во светот, а потценето кај нас, забележа новинарот и долгогодишен пријател на Стефоски, Панде Колемишевски.

„Томо Стефоски како човек беше подвижна политичка енциклопедија, правна историја, учебник за демократија, начитан, доследен во своите ставови. Колку што на работите гледаше од позитивен агол толку користеше и критика. Дружељубив, говорлив и разговорлив, аналитичен и логичен. Мене лично ми оставаше впечаток што во многу разговори се однесуваше како шаховски велемајстор што игра симултанка“, изјави новинарот Панде Колемишевски.

„Низ суптилните коментари за личностите со кои тој се соживувал и настаните во кои тој активно земал учество се изнедруваше автор, објективен сведок на едно минато време на македонскиот од по маките, но и време на стабилно и непоколебливо чекорење на една нација“, изјави дипломатот Виктор Габер.

Хуманитарната организација “Хабитат Македонија“ во изминативе 20 години за татко ми беше еден голем мотив и убедена сум му беше втора фамилија, забележа Стефкоска. Томислав Стефоски беше габаритен човек кој остави силен белег и во минатиот систем, но и во современа Македонија, додаде Малиновски.

„Мислам дека Хабитат Македонија беше како создадена организација за него и обратно тој беше создаден за Хабитат Македонија. Како што е мотото на Хабитат Македонија дека градењето дом значи градење надеж тој до последен момент ја имаше надежта дека може уште да придонесе“, изјави Драган Малиновски, претседател на управниот одбор на Хабитат Македонија.

„Татко ми не научи дека нашиот дом е дом на сите. Неговата животна девиза беше да прави арно и да смислува поводи за најразлични дружби. Го грабеше секој миг од животот до последниот ден“, изјави Симона Стефоска.

За неговите пријатели и соработници Стефоски ќе остане во сеќавање како пријател со кого беше задоволство да се разговара и да се разменуваат мислења за различни теми. Да го паметиме по она што го кажуваше дека животот не е лесен занает, рече Колемишевски.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО/ВИДЕО: Превртен автомобил на Партизанска во Скопје

Дејан Дејан

Кој со кого ќе коалицира и кои се црвените линии на албанските партии за учество во новата влада

Дејан Дејан

Ковачевски: Разговараме со партии на повеќе нивоа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе