Вести

Германија е најпосакувана земја за исселување за македонските граѓани, покажа истражувањето на Алма Кариер

Алармантни податоци покажа истражувањето на Алма Кариер. Најподготвени да се иселат од Македонија се луѓето со високи плати и со високо образование. Според истраажувањето спроведено во 13 земји од Источна Европа, Македонците најмногу размислуваат да се иселат заради подобра работа. И младите кои ги анкетираше Телма велат дека рамислуваат да се иселат.

Подобра плата е најчестиот мотив, и 28 насто од луѓето во Македонија би се иселиле за подобра работа. Сличен е процентот во Естонија и Босна и Херцеговина. Додека најголемата пречка е можноста да се биде одделен од пријателите и семејството за подолг временски период, покажува истражуањето на Алма Кариер меѓународната платформа за плати. Најпопуларна дестинација за иселување за македонските граѓани е Германија, а потоа се Швајцарија и Словенија.

Истражувањето беше спроведено во период од 1 ноември 2023 година до 31 јануари 2024 година во 13 земји. Учествуваа Босна и Херцеговина, Бугарија, Чешка, Хрватска, Естонија, Финска, Латвија, Литванија, Македонија, Полска, Србија, Словачка и Словенија – а истражувањето е направено со цел да се утврди колку луѓе се подготвени да се исепат за подобра работна можност.

Врз основа на пописот, Државниот завод за статистика изготви проекции, според кои, до 2070 година населението во Македонија би се намалило за дури 35%, односно, од сегашните 1.8 на eдвај 1.2 милиони жители.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО/ВИДЕО: Превртен автомобил на Партизанска во Скопје

Дејан Дејан

Кој со кого ќе коалицира и кои се црвените линии на албанските партии за учество во новата влада

Дејан Дејан

Ковачевски: Разговараме со партии на повеќе нивоа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе