Вести Македонија

Атанасовски: ДУИ за прв пат чувствува предизвик на престојните избори

Политичките аналитичари очекуваат Села да се приклучи на т.н Европски фронт на Ахмети, затоа што друга опција и бидејќи не може самостојно да кандидира листи.

Нема никаква предизборна математика Села да настапи сам и логично е дека тој би се приклучил кон фронтот на Ахмети, каде што веќе како што гледаме тој фронт се проширува и ДУИ прв пат по 2006 година прави широка коалиција. За волја на вистината со некои мали партии внатре, но тоа што е новина е тоа што турска и ромска партија за прв пат се приклучуваат на една таква коалиција, кои традиционално биле во коалиција со СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ. Идејата на Ахмети е да го прошири гласачкото тело или потенцијалот за собирање гласови не само кај Албанците, туку надминувајќи ја и етничката припадност, рече аналитичарот Сефер Селими во вечерашната Топ Тема на Телма.

Според аналитичарот Благојче Атанасовски, ДУИ за прв пат чувствува дека може да има некој сериозен противник на овие избори.

Од ДУИ сфатија дека тоа обединување кај етничко албанската опозиција може да претставува проблем бидејќи ниту еден глас нема да изгори, што се вели по изборна единици, и затоа тргна во создавање на тој фронт. Мислам дека во наредните неколку денови Села, кој беше лидер на АА и главен опозиционер на ДУИ ќе мора да калкулира да се приклучи на коалицијата предводена токму од ДУИ, бидејќи друга опција нема.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО/ВИДЕО: Превртен автомобил на Партизанска во Скопје

Дејан Дејан

Кој со кого ќе коалицира и кои се црвените линии на албанските партии за учество во новата влада

Дејан Дејан

Ковачевски: Разговараме со партии на повеќе нивоа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе