Вести Свет Топ вести

Советот за безбедност на ОН усвои Резолуција за итен прекин на огнот во Газа – 14 земји „за“, САД воздржани“

Советот за безбедност (СБ) на Обединетите Нации (ОН) усвои Резолуција која се однесува на итен прекин на огнот меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа и моментно и безусловно ослободување на сите заложници.

Текстот на резолуцијата го предложија 10 непостојани земји членки, го поддржаа 14, а САД беа „воздржани“.

Во претходните обиди, постојаните членки на СБ вложуваа вето, со што оневозможија усвојување на поднесените резолуции за примирје во Газа.

Соединетите Американски Држави трипати досега вложија вето на нацрт резолуциите, додека Русија и Кина двапати блокираа американски предлози. Меѓутоа, поради сè поголем притисок, САД денеска решија да се воздржат од гласање и на тој начин да му овозможат на СБ да побара итен прекин на огнот за време на месецот Рамазан кој ќе трае уште две недели.

Во резолуцијата се нагласува и итна потреба за зголемување на приливот на хуманитарна помош и да се интензивира заштитата на цивилите во целиот Појас.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со лажни дијаманти измамил српски државјанин и му зел пари

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 27.04.2024

Дејан Дејан

Пендаровски: Истите луѓе кои упаднаа во Собрание, сега бараат власт, нивната кандидатка за претседател најавува нивна амнестија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе