Вести Свет Топ вести

(ФОТО) Пристигнува поддршка од целиот свет откако принцезата од Велс ја откри дијагнозата

Туристи и локални жители се собраа пред лондонската Бакингемска палата, еден ден откако Кетрин, принцезата од Велс, јавно објави дека има рак и оди на хемотерапија.

Објавата уследи по неколкунеделни шпекулации за нејзиното здравје и за тоа каде се наоѓа.

Принцезата ја откри својата состојба во видео порака снимена во средата во Виндзор и емитувана во петокот.

Тоа се случи по немилосрдните шпекулации на социјалните мрежи уште од јануари, кога таа беше хоспитализирана поради неодредена операција на абдоменот.

Кејт побарала „време, простор и приватност“ додека се лекува од неодреден тип на рак кој бил откриен по, како што ја опишала, „големата“ операција.

Кејт (42) не беше видена јавно од Божиќ додека оваа недела не се појави видео од неа со нејзиниот сопруг, принцот Вилијам, наследник на тронот.

На него беа прикажани како одат од продавница која продава производи одгледувани на имотот на кралското семејство во Виндзор.

Веста е уште еден потрес за кралското семејство по објавувањето минатиот месец дека кралот Чарлс Трети се лекува од неодреден тип на рак, кој беше откриен при операција за бенигна зголемена простата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со лажни дијаманти измамил српски државјанин и му зел пари

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 27.04.2024

Дејан Дејан

Пендаровски: Истите луѓе кои упаднаа во Собрание, сега бараат власт, нивната кандидатка за претседател најавува нивна амнестија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе