Вести Свет Топ вести

Нападнат сојузникот на Навални, Леонид Волков „типичен, гангстерски поздрав од Путин“

Долгогодишниот сојузник на покојниот руски опозициски лидер Алексеј Навални е нападнат пред неговиот дом во Литванија. Леонид Волков рече дека раката му била скршена, а по ногата добил 15 удари и со чекан.

Наводниот напаѓач е непознат, а Волков обвинува дека нападот е политички мотивиран. Според него, станува збор за „очигледен, типичен, гангстерски поздрав од Путин, од бандит од Санкт Петербург“, но не даде повеќе детали за напаѓачот.

Полицијата започна истрага за нападот, кој се случил додека активистот со својот автомобил пристигнал дома во Вилнус.

„Мажот ме нападна во дворот, ме удри 15 пати по ногата.

Ногата некако е во ред. Ме боли кога одат… Но, ја скршив раката“, рече Волков во објавата на Телеграм. „Буквално сакаа да направат шницла од мене“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонија одбележува 23 години од масакрот кај Вејце, еден од најкрвавите и најбрутални во поновата историја на земјата

Дејан Дејан

Во послаба позиција од било кој негов претходник – Бајден со историски најнизок рејтинг според анкета на Галуп

Дејан Дејан

Основците и средношколците од утре до 6 мај на пролетен распуст

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе