Вести Свет

Пронајден мртов, а беше во процес на давање исказ – „свиркачот“ кој го тужеше „Боинг“ наводно се самоубил

Џон Барнет (62), поранешен вработен во „Боинг“ кои проговори за производствените проблеми во компанијата, е пронајден мртов и наводно извршил самоубиство, објавија властите на Јужна Каролина.

Барнет работеше 32 години во „Боинг“, до 2017 година, кога почна јавно да говори за производствените проблеми на компанијата. Починал од повреди со огнено оружје кои, наводно, си ги нанел самиот, потврдено е денеска во Чарлстон. Полицијата отвори истрага за случајот.

„Боинг“ изрази сочувство до фамилијата и пријателите за неговата смрт. Неговиот адвокат Брајан Ноулс не ја коментораше веста за смртта на Барнет, меѓутоа за весникот „Корпорејт Крајм Рипортер“ рече дека неговиот клиент бил во процес на давање исказ во тужбата за оддавање информации во врска со производството на авионите 787 Дримлајнер.

Барнет излезе пред медиумите по инцидентот на 5 јануари, кога од „Боинг 737 МАКС 9“ падна дел од трупот среде лет поради што патниците беа изложени на надворешен воздух и авионот мораше принудно да слета.

„Боинг“ потоа западна во голема криза поради сопствените стандарди на сигурност и квалитет. Доби ограничување на производството од американските регулатори, што предизвика до доцнење на испораки во секторот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Павле Трајанов резибран за лидер на Демократски сојуз на 7-от Конгрес на партијата

Дејан Дејан

Бојаџиевска: Дубравка Угрешиќ не можеше да ја поднесе бруталната комерцијализација на уметноста

Дејан Дејан

Бојмацалиев: Политичките партии да намалат со националистичка реторика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе