Вести Македонија Топ вести

Претседателот Пендаровски присуствуваше на завршниот настан „Иднината почнува дома“

Претседателот Стево Пендаровски вчеравечер присуствуваше на завршниот настан „Иднината почнува дома“, на којшто беа доделени признанија на триесет и двајцата номинирани личности, кои со нивната индивидуална ангажираност придонеле како двигатели на позитивни промени во нашето општество.

Претседателот Пендаровски порача дека оваа иницијатива претставува дополнителен мотив младите да ги градат своите професионални кариери во државава, да бидат активни учесници во процесот на промени и да придонесат за напредокот во одредени области.

Тој истакна дека денес се соочуваме со многу поинакви предизвици и дека покрај политички лидери, нам ни се неопходни лидери во дигиталната сфера, оние кои ќе се борат за човековите права, за здрава животна околина и за лицата со попречености.

Претседателот додаде дека политичките лидери креираат рамка, но овие луѓе ја влечат државата напред и стојат зад општествените промени, додавајќи дека оваа иницијатива е одличен чекор бидејќи им дава видливост на младите луѓе кои со своите исклучителни квалитети и успеси можат да послужат како пример и да придонесат за развој на општеството.

Во таа насока, претседателот истакна дека особено е важно нашиот домашен умствен потенцијал да ја турка државата напред и да придонесува за нејзиниот напредок и нотираше дека најголемата наша трагедија е иселувањето на младите.

Честитајќи им на добитниците на признанијата, тој ги охрабри младите и понатаму континуирано да вложуваат во себе, да ги користат своите потенцијали на креативен начин и својата иднина да ја градат во нашата држава.

Проектот „Иднината почнува дома“ е иницијатива на Технолошко-индустриските развојни зони (ТИРЗ) и Стопанската комора на Северна Македонија, кој има за цел да поддржи индивидуалци коишто се истакнуваат во своите области на делување, прават позитивна разлика и работат посветено и во интерес на иднината на државата. На настанот се обрати и директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонија одбележува 23 години од масакрот кај Вејце, еден од најкрвавите и најбрутални во поновата историја на земјата

Дејан Дејан

Во послаба позиција од било кој негов претходник – Бајден со историски најнизок рејтинг според анкета на Галуп

Дејан Дејан

Основците и средношколците од утре до 6 мај на пролетен распуст

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе