Вести Македонија Најважни

Над илјада функционери нема да добијат ново покачување на платите

Платите на илјада функционери нема повторно да пораснат. Едногласно и без дискусија пратениците им ги намалија коефициентите. Со тоа, нема да им биде одземено ланското покачување од 78 одсто, но барем за сега се стопира растот на нивните плати. Сега треба да се најде начин да се ограничат платите и на директорите што ги назначува Владата.

Со ист заклучок, едногласно, без против или воздржани, како и без дискусија, во Собранието беа донесени сите шест закони кои носат ограничување на функционерските плати веќе од февруари.

Со ограничувањето се опфатени претседателот, пратениците, министрите, судиите, јавните обвинители, членовите на Судскиот совет и на Советот на јавни обвинители, вкупно илјада и 60 носители на функции. Законите предвидуваат намалување на коефициентот: кај првите три функции во државата: претседател, спикер и премиер од 4,50 на 3,91. Кај пратениците коефициентот ќе биде од 3,04 до 3,92 наместо од  3,5 до 4. Ова минимално намалување спречува покачување на платите за 15,3 одсто, или, од 300 до 500 евра.

Но, овој потег на пратениците наиде на бројни реакции. Здруженијата на судиите и на јавните обвинители го нарекоа неприфатлив. Судиите очекувале дека по шестгодишниот дијалог со Владата, ќе дојде до зголемување, а не до намалување на коефициентот, а обвинителите посочија дека ова нема да придонесе за нивна финансиска независност според меѓународните стандарди. Сојузот на синдикатите го смета за лицемерие и бараат функционерите да ги вратат 78-те одсто или да им го дадат на работниците.

Платите на функционерите толку  пораснаа лани во март кога Уставниот суд ја укина фиксната основица. Со тоа, платите им растат паралелно со просечната плата. Наредните месеци ќе треба да се бара одржливо решение, а до тогаш, се очекува регулирање и на платите на директорите што ги именува Владата.

Соња Николовска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вреди и ВМРО-ДПМНЕ согласни за заедничка влада по изборите

Дејан Дејан

Павле Трајанов резибран за лидер на Демократски сојуз на 7-от Конгрес на партијата

Дејан Дејан

Бојаџиевска: Дубравка Угрешиќ не можеше да ја поднесе бруталната комерцијализација на уметноста

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе