Вести Македонија

Возачите имаат рок уште два дена за налепниците, но тие сè уште не се доставени во техничките центри

Налепниците „НМК“ за возилата сè уште не се доставени во станиците за технички преглед. Иако од Министерството за внатрешни работи кажаа дека денеска граѓаните ќе можат да ги подигнат, сепак тоа не се реализираше. Оние кои дојдоа во техничките центри се вратија дома разочарани. Дел од нив сметаат дека оваа обврска е наметната против нивната волја.

„На телевизија слушнав за налепниците затоа и дојдов во технички центар, ама тука ми викаат дојди задутре. Не знам кој лаже сега“, вели еден граѓанин.

 

„Сега доаѓам за налепници меѓутоа ми кажаа дека сè уште немаат. Значи политичариве си лажат како по обичај“, додава друг жител.

 

„Јас имам налепници „НМК“ досега не сум ги користел. Ги чував доколку сум принуден да ги залепам. Некој прифатил нешто што не е по моја волја и по волја на многу други граѓани“, рече државјанин.

Телма контактираше со неколку станици за технички преглед во Скопје, Куманово и Велес и сите тие ни потврдија дека немаат добиено налепници.

„Ние немаме никакви конкретни информации. Од медиумите се информираме. Засега немаме налепници. Не знаеме ниту кога ќе пристигнат, ниту во колкави количини ниту пак како точно ќе оди процесот“, известија од една техничка станица.  

До понеделник возачите треба да ги имаат налепниците на своите регистрации, во спротивно нема да можат да ја напуштат државата. Техничките станици каде што ќе треба да ги набавуваат во сабота ќе работат со скратено време , а во недела нема да работат, но не се знае кога ќе имаат налепници.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вреди и ВМРО-ДПМНЕ согласни за заедничка влада по изборите

Дејан Дејан

Павле Трајанов резибран за лидер на Демократски сојуз на 7-от Конгрес на партијата

Дејан Дејан

Бојаџиевска: Дубравка Угрешиќ не можеше да ја поднесе бруталната комерцијализација на уметноста

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе