Вести Македонија Топ вести

ССМ: Министерствата за образование и за финансии ги изманипулираа вработените во Државниот испитен центар

Сојузот на синдикати на Македонија даде поддршка на штрајкот на вработените во Државниот испитен центар, со барање за зголемување на платите за 25%.

Од ССМ велат дека и покрај прекинот на штрајкот заради полагањето матура и преговорите на синдикалната организација на Испитниот центар со министерствата за образование и за финансии, не е направено ништо конкретно и вработените во Испитниот центар се изманипулирани , а функционерите ги користат бенефитите од нивните зголемени плати до 78%.

Целосна поддршка на нашите колешки и колеги, синдикалци од ДИЦ, синдикалки и синдикалци, работници кои протестираат и штрајкуваат повеќе од шест месеци. За жал, нивната добра волја која ја искажаа во минатото, особено со ставање на штрајкот во мирување во месец мај за да може да се полагаат матурските испити не даде резултат и претставниците на владата, односно Министерството за образование и Министерството за финансии ги изманипулираа и ги излажаа, обвини претседателот на ССМ Слободан Трендафилов.

Од Синдикалната организација на ДИЦ, се незадоволни од зголемувањето на платите за 10% во септември со новиот Општ колективен договор, а не прифаќаат да чекаат до март 2025 година, кога платите во јавната администрација ќе се зголемат со новиот Закон за административни службеници, кој сѐ уште не е донесен.

Ако министерот за образование смета дека тоа не е негова работа, нека не се занимава со нас. Но, би било пожелно да нема понатаму притисоци во делот кога ние нема да ја работиме работата. Во поглед на Министерството за финансии, повикани беа за преговори, глуви се, неми се, но во нивниот одговор којшто го пуштија до вас како медиуми, се осврнуваат на некакво системско решение. Односно, зборуваат за нов закон за административни службеници, којшто еве до ден денеска не е стапен на сила, не постои никаде, рече претседателката на синдикалната организација на ДИК, Емилија Бошковска.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со лажни дијаманти измамил српски државјанин и му зел пари

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 27.04.2024

Дејан Дејан

Пендаровски: Истите луѓе кои упаднаа во Собрание, сега бараат власт, нивната кандидатка за претседател најавува нивна амнестија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе