Вести Македонија Топ вести

Хоџа го поддржа Адили, БЕСА Демири за кандидат на ДИК

Поранешниот пратеник од ДУИ, Зулфи Адили, и екс генералниот секретар на БЕСА, Абдуш Демири, се кандидатите предложени за да го пополнат испразнетото место во ДИК. Демири е поддржан од здружената опозиција, а Адили од новата партија на екс потпретседателот на БЕСА, Арјанит Хоџа, Европска демократска партија. Од движењето „Попули„ на Скендер Реџепи, одлучија да не поддржат ниту еден кандидат.

Адили од ДУИ премина во партијата на Г`зим Острени, која подоцна беше во коалиција со Алијанса за Албанците. Сега се претставува како независен, а како таков доби поддршка и од Хоџа, кој смета дека има право да предложи кандидат и покрај тоа што неговата партија никогаш не била на избори.

Од здружената опозиција жестоко реагираат на потегот на собранискиот спикер, кој им се обрати на сите претседатели на партиите на Албанците во опозиција, да се изјаснат за пополнувањето на ДИК. Го обвинуваат за манипулација и се повикуваат на член 2, став 10, од Изборниот законик,во кој стои дека, „опозицијата ја сочинуваат политичките партии во опозиција кои на последните избори за пратеници освоиле најмногу гласови.

Но, што и да одлучи Комисијата за избори и именувања, за избор на член на ДИК е потребно двотретинско мнозинство, што во оваа консталеција е невозможно да се постигне, доколку партиите не се договорат.Оттаму и движењето побара поддршка од меѓународните сојузници, особено од мисијата на ОБСЕ-ОДИХР, Мисијата на ЕУ во Скопје, како и од Амбасадата на САД, да преземат мерки за гарантирање фер и демократски избори.

Далиборка Демјанска Цевтановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со лажни дијаманти измамил српски државјанин и му зел пари

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 27.04.2024

Дејан Дејан

Пендаровски: Истите луѓе кои упаднаа во Собрание, сега бараат власт, нивната кандидатка за претседател најавува нивна амнестија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе