Вести Македонија

Филипов во „Топ тема“: Спротивставените страни ги употребија сите сили, со посредници стапија во контакт и постигнаа извесен успех

Дипломатијата е умешност да се работи во корист на својата земја, а во односите со другите земји, е дефиниција од првиот германскиот канцелар, Бизмарк со која Ѓорѓи Филипов, претседател на Советот на амбасадори, го почна своето гостување во вечерашната „Топ тема“ во контекст на разминувањето на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров со дел од лидерите на западните земји на 30-от Министерски совет на ОБСЕ во Скопје.

„Притоа се користат голем број на алатки за постигнување на таа цел. Една од нив е маневрирањето, па дури некогаш се користат и рокади за постигнување на целта. Македонската дипломатија, мислам, дека е еден од победниците во ова продолжување на постоењето на ОБСЕ и целото раководство на ОБСЕ. Би бил неправеден ако не кажам дека и едната и другата страна кои моментно се спротивставени, ги употребија сите сили и постигнаа извесен успех. Во ист физички простор ги донесоа претставниците на спротивставените страни. Русија како Русија и остатокот од 55 држави од кои само четири не присуствуваа на највисоко ниво. Овде мислам на трите балтички земји и на Украина“, рече Филипов.

Сепак, според Филипов, се најде начин да се стапи во контакт, користејќи посредници.

„Австрискиот министер Шаленберг и Сергеј Лавров, сепак, разговараа. Лавров, сепак, пристигна на територија на земја членка на НАТО, а разговараше со земја која не е членка на НАТО, како што е Австрија. Меѓутоа, тоа значи дека сите релевантни предлози од едната или другата страна се на некој начин пренесени. Како ќе заврши целиот состанок на ОБСЕ ќе зависи од многу фактори. ОБСЕ е организација чија првенствена задача е мир и помирување на двете страни или на сите страни, на сите членки на Европа или на сите сојузници на Европа“, смета Филипов.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Министерот за правда Кренар Лога потврди дека е дозволена екстрадиција на Палевски

Дејан Дејан

Борба на највозвишеното и најниското во човекот, на отворањето на „Мајските оперски вечери“

Дејан Дејан

НАЈНОВА ВЕСТ: Дозволена екстрадиција на Љупчо Палевски-Палчо

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе