Вести Свет Топ вести

Болниците во Газа работат на работ, без медикаменти со факели и без електрична енергија

Израелската војска со денови немилосрдно ја бомбардира Газа како одговор на крвавиот поход на милитантната група во јужен Израел.

Иако им порача на Палестинците да се евакуираат од северот од земјата и да се упатат кон „безбедни зони“ на југ, нападите продолжуваат и во текот на ноќта низ густо населената територија.

Министерството за здравство на Газа, управувано од Хамас, соопшти дека 3.785 Палестинци се убиени, а повеќе од 12.500 други се ранети.

Во меѓувреме хуманитарната ситуација во земјата станува се покритична. Земјата нема ниту вода за пиење ниту храна, струја и горива.

Залихите се при крај, а на бензиските пумпи луѓето чекаат во редици поминувајќи најмалку 6 часа за да набават само 20 литри гориво.

Состојбата во болниците е критична. Многу оддели работат без електрична енергија, а недостасуваат и кревети за интензивна нега.

Здравствените власти во земјата велат дека со моменталниот капацитет не можат да спасуваат повеќе животи. Во меѓувреме Израел се согласи да му дозволи на Египет да достави ограничена хуманитарна помош.

Израел го нападна Хезболах, извршени се голем број воздушни напади на територијата на Либан

А вчера израелските власти соопштија дека извршиле воздушни напади на голем број места на Хезболах во јужен Либан како одговор на претходни ракетни напади врз северен Израел.

Израелската војска соопшти дека борбен хеликоптер удрил во терористичка ќелија која се подготвувала да лансира противтенковски проектил од Либан во Израел. Хезболах, пак тврди дека неговите борци нападнале неколку израелски позиции долж границата.

Бригадите Касам, военото крило на Хамас, објавија во соопштение дека нивните членови истрелале 30 ракети од јужен Либан кон северен Израел во текот на вчерашниот ден, главно насочени кон градовите Нахарија и Шломи.

Во текот на вчерашниот ден интервенирала и морнарицата на САД. Информираат дека уништиле повеќе беспилотни летала и ракети кои полетале од Либан а биле упатени кон територијата на Израел.

Нова видео снимка: Пред силната експлозија во болницата ал Ахли претходел голем ракетен бараж

Нова снимка од нападот на болницата ал Ахли. Камера за видеонадзор во Нетив Хаасара во Израел, пред силната експлозија снимила силен ракетен бараж.

По него се гледа силна светлина, а со утврдување на локацијата експлозијата на видеото го покажува нападот врз објектот.

Во моментот кога беше погодена болницата беше преполна со ранети и други Палестинци кои бараа засолниште, а за нападот имаше спротивставени тврдења за тоа кој стои зад смртоносната експлозија.

Претставници на Хамас во Газа го обвинија Израел, кој пак негираше дека е вмешан во инцидентот нудејќи докази дека не стои зад смртоносниот напад но и со тврдење дека објектот бил погоден од залутана ракета на Исламски Џихад, друга милитантна група која дејствува на територијата на Газа. Ваквите наводи беа демантирани од страна на оваа организација.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сончево и топло со мала локална облачност – Временска прогноза за 29.4.2024

Дејан Дејан

Со лажни дијаманти измамил српски државјанин и му зел пари

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 27.04.2024

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе