Вести Свет

Европа не толерира агресија врз суверена држава – порака од Фон дер Лајен до Путин пред Самитот во Гранада

Претседателката на Европската комисија, Урсул фон дер Лајен пред почетокот на Самитот на Европската политичка заедница во Гранада упари порака до рускиот претседател Владимир Путин дека Европа не толерира агресија врз суверена држава.

Покрај Украина, во фокусот на Самитот во Гранада ќе биде и енергетиката. Европа лани имаше енергетска криза, поради, како што рече Фон дер Лајен, уцените на Русија кога станува збор за фосилните горива, но додаде дека цените сега се паднати и креирана е заедничка платформа за купување на гас.

Фон дер Лајен изрази поддршка и за Ерменија и нејзините хуманитарни потреби за кои првично беа издвоени 5,2 милиони евра, сума што подоцна беше дуплирана на 10,4 милиони.

Таа уверува дека САД ќе продолжат со помош за Украина, но и дека Европската унија определи средства за земјата на која е потребна предвидливост.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел рече дека меѓу темите на Самитот во Гранада ќе бидат и мигрантите, продолжување на поддршката за Украина во светло на одлуката на САД за привремено финансирање без одобрување на поддршка за Киев, како и неодамнешните судири во Нагорно Карабах.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО/ВИДЕО: Превртен автомобил на Партизанска во Скопје

Дејан Дејан

Кој со кого ќе коалицира и кои се црвените линии на албанските партии за учество во новата влада

Дејан Дејан

Ковачевски: Разговараме со партии на повеќе нивоа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе