Вести Свет Топ вести

Трудо се извини што канадскиот Парламент со овации поздрави нацист

Канадскиот премиер Џастин Трудо синоќа се извини што парламентот на неговата земја му оддаде почит на човекот кој се борел на страната на нацистите во Втората светска војна, за време на минатонеделниот говор на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Трудо кажа дека претседателот на Долниот дом на Парламентот, Ентони Рота, кој во вторникот поднесе оставка, е „единствено одговорен“ за канењето гости и оддавањето признание за тој човек, и оцени дека тоа е грешка што длабоко ги засрами и парламентот и Канада.

Сите ние кои бевме во Претставничкиот дом во петокот длабоко жалиме што аплаудиравме, иако тоа го направивме без да сме свесни за контекстот, рече Трудо пред да влезе во Долниот дом, додавајќи дека „тоа беше страшно оцрнување на сеќавањето на милиони луѓе кои загинаа во холокаустот, и тоа беше длабоко, длабоко болно за еврејскиот народ“.

Трудо го повтори своето извинување од говорницата на Парламентот.

Веднаш откако Зеленски одржа говор во Долниот дом во петокот, канадските пратеници со овации го поздравија 98-годишниот Јарослав Хунка кога Ентони Рота го сврте вниманието кон него.

Рота го претстави Хунка како воен херој, кој се борел за Првата украинска дивизија.

Во текот на викендот се појавија факти дека Првата украинска дивизија била позната како Вафен-СС дивизија Галиција – или СС 14-та Вафен дивизија – волонтерска единица под команда на нацистите.

Исклучително е вознемирувачко да се размислува како оваа огромна грешка се политизира од Русија и нејзините поддржувачи за да се шири лажна пропаганда за она за што се бори Украина денес, рече Трудо.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со лажни дијаманти измамил српски државјанин и му зел пари

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 27.04.2024

Дејан Дејан

Пендаровски: Истите луѓе кои упаднаа во Собрание, сега бараат власт, нивната кандидатка за претседател најавува нивна амнестија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе