Вести Свет Топ вести

Ослободени се четворица Срби, осомничени за вооружен конфликт во Бањска

Специјалното обвинителство на Косово соопшти дека во вторник ослободило четворица осомничени за случајот во Бањска во Звечан, бидејќи според нив немало доволно докази за нивната вмешаност во случајот, објави приштинска Коха.

Како што соопштија од Обвинителството, осомничените се уапсени далеку од местото на настанот.

„Ве информираме дека четирите лица кои беа уапсени за време на акцијата на косовската полиција, во селото Бањска во општина Звечан, далеку од местото на настанот, вчера беа ослободени од Специјалното обвинителство на Република Косово во отсуство на докази од косовската полиција“, соопшти во средата Обвинителството, пренесува Коха.

Косовската полиција уапси осум лица во врска со вооружениот напад што се случи во неделата во Бањска во Звечан, каде беше убиен наредникот на косовската полиција Африм Буњаку.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со лажни дијаманти измамил српски државјанин и му зел пари

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 27.04.2024

Дејан Дејан

Пендаровски: Истите луѓе кои упаднаа во Собрание, сега бараат власт, нивната кандидатка за претседател најавува нивна амнестија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе