Вести Свет

Војната во Украина нема наскоро да заврши – Столтенберг во интервју за „Ди Велт“

Руската војна во Украина нема наскоро да заврши, изјави генералниот секретар на НАТО; Јенс Столтенберг во интервју за германски „Ди Велт“.

Тој нагласи оти сите земји членки на Алијансата сакаат што поскоро да биде постигнат мир, но ако Украина престане да се бори, ќе исчезне како држава.

„Мора да признаеме дека ако претседателот Володимир Зеленски и Украинците престанат да се борат, нивната државата нема повеќе да постои. Ако претседателот Владимир Путин и Русија го положат оружјето, ќе имаме мир“, нагласи Столтенберг.

Првиот човек на НАТО нагласи дека „Украина на крајот ќе стане членка на Алијансата“.

Руската инвазија врз Украина почна на 24 февруари лани и оттогаш се убиени илјадници луѓе, протерани милиони, уништени се градови и опустошена е украинската економија.

НАТО ја поддржа Украина, а државите членки испратија оружје, но не и копнени трупи. Москва, пак, на Алијансата гледа непријателски воен сојуз кој сака да задира во она што Русија го гледа како своја сфера на влијание.

Украина стекна независност од Советскиот Сојуз во 1991 година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израел планира копнена офанзива во Рафа – предупредување на палестинскиот претседател Абас

Дејан Дејан

Пет лица загинаа, 33 се повредени, 140 фабрички погони се оштетени – торнадо во Кина

Дејан Дејан

Над 800 лица се заразени со норовирус на фестивал во Германија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе