Вести Свет

Погодено складиште за нафта, напади и врз Крим и Москва – воздушниот сообраќај над руската престолнина затворен

Украина рано утрово изведе напади на руски цели во неколку правци – мета на украинските дронови беше полуостровот Крим, складиште за нафта во југоисточна Русија, но и Москва што беше причина за прекин во авионскиот сообраќај кон и од главниот град на одредено време.

Руските власти тврдат дека украинските напади биле осуетени, а според градоначалникот на Москва соборени се најмалку два дрона во поширокиот регион на градот. Тој додаде дека нема жртви, ниту штети од фрагментите на дроновите.

Официјален Киев засега нема коментар за најновите напади на руска територија, а светските медиуми не можеа независно да ги потврдат извештаите за украински напади.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Над 800 лица се заразени со норовирус на фестивал во Германија

Дејан Дејан

Македонија одбележува 23 години од масакрот кај Вејце, еден од најкрвавите и најбрутални во поновата историја на земјата

Дејан Дејан

Во послаба позиција од било кој негов претходник – Бајден со историски најнизок рејтинг според анкета на Галуп

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе