Вести Свет Топ вести

Руските власти спроведуваат локални избори на окупираните украински територии

И покрај жестоките битки на источниот фронт на Украина каде украинските сили веќе трет месец спроведуваат контраофанзива за ослободување на окупираните територии, руските власти спроведуваат локални избори.

Изборниот процес се одвива заедно со гласањето во десетици руски региони кои избираат локални гувернери и законодавци, како и со изборот на градоначалник на Москва. Поради безбедносни причини гласањето за законодавните тела поставени од Русија во регионите Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје трае неколку дена главно од врата до врата, а наместа поставени се и избирачки пунктови на јавни површини каде ќе можат да гласаат сите кои што минуваат крај нив.

Се разбира, ова гласање е посебно за сите нас, за сите жители на Републиката Доњецк, бидејќи тоа се први избори како дел од Руската Федерација. Ние гласаме за светла иднина во широка смисла на зборот, вели Валери, жител на Доњецк.

Се разбира, очекуваме промени за најдобро, но пред се мирен и нормален живот на луѓето, вели Светлана, жител на Доњецк.

На гласањето им е дозволено да учествуваат и на оние кои добиле руско државјанство но и на оние кои ги задржале своите украински пасоши. Главниот конкурент на изборите е владејачката партија на Кремљ, Единствена Русија, иако и други партии, како што се Комунистичката партија или националистичката партија, исто така се застапени на гласачките ливчиња.

Тие тврдат дека украинските припоени региони се исти како и другите региони во Русија. Ако другите имаат избори, зошто да нема избори и овде? Во овој случај, треба да се објасни дека таму се случува нешто повеќе. Руските власти напорно се обидуваат да се преправаат дека се оди според планот, се е во ред, вели Абас Галјамов, руски политички аналитичар.

Рускиот аналитичар вели дека главното прашање што се однесува на гласачите, војната со Украина, и во припоените територии и во руските региони е ригорозно игнорирано и се избегнува.

Невозможно е да се води кампања против војната ќе те избркаат од избори, ќе те затворат и ќе те прогласат за непријател на државата. Затоа сите кандидати го избегнуваат ова прашање. Гласачите чувствуваат дека изборите не се за она што е всушност реално и важно. Излезноста ќе биде минимална. Ова се површни избори, додава Абас.

Во моментов воени дејствија се одвиваат на сите окупирани региони во источна Украина. Украинската војска бележи напредок во своите акции но цената е висока и за двете страни.

Руските власти украинската контраофанзива ја прогласија за неуспешна но од друга страна Украина тврди дека првата руска одбрамбена линија е најтешка за пробивање поради големиот број препреки и замки поставени од руската војска, пред се мински полиња.

Сепак украинските сили во областа Запорожје кај селото Роботине успеаа да ги пробијат руските редови и да влезат во руските ровови каде се водат жестоки рововски битки невидени уште од времето на првата светска војна.

Александар Петрески

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ковачки пред велешани: Реконструкција на пругата кон Кочани, електрификација на железничката линија за Битола

Дејан Дејан

Му платила за дрва, дрва не добила – кумановка измамена за 6.000 денари

Дејан Дејан

Израел планира копнена офанзива во Рафа – предупредување на палестинскиот претседател Абас

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе