Вести Свет

Воените удари во африканските држави продолжуваат, армијата во Габон ја презеде власта веднаш по изборите

Армијата на Габон изврши воен удар во земјата, кратко по објавувањето на резултатите од претседателските избори, кои покажаа дека претседателот Али Бонго освоил трет мандат. 12 офицери, само еден час по објавувањето на резултатите се појавија на телевизија и соопштија дека ги поништуваат изборите и ги распуштаат сите институции во државата.

Денеска, 30 август, ние, силите за одбрана и безбедност се обединивме во комисијата за транзиција и обнова на иснтитуциите, во име на габонскиот народ и како гарантори на заштитата на институциите. Одлучивме да го зачуваме мирот ставајќи му крај на постоечкиот режим. За таа цел, општите избори одржани на 28 август, 2023, како и лажираните резултати, се откажани, границите засега се затворени, сите институции на републиката се распуштени, особено владините, Сенатот, Националното собрание, Уставнито суд, економскиот, социјалниот и советот за животна средина, и габонскиот изборен совет, соопштија тие во телевизиското обраќање.

Воениот удар во Габон е продолжување на трендот кој изминативе три години го зафати континетот. Земјата стана осмата африканска држава каде што армијата ја презема власта, а интересно е што сите овие земји се поранешни француски колонии, но за разлика од Нигер, каде што армијата ја презеде власта пред еден месец, и останатите западноафрикански држави, Габон досега се сметаше за стабилна држава. Габон е една од најголемите извознички на нафта во Африка, и во исто време речиси 90 проценти од земјата е покриена со шуми.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО/ВИДЕО: Превртен автомобил на Партизанска во Скопје

Дејан Дејан

Кој со кого ќе коалицира и кои се црвените линии на албанските партии за учество во новата влада

Дејан Дејан

Ковачевски: Разговараме со партии на повеќе нивоа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе