Вести Свет

Во Вашингтон тинејџерка избодена до смрт од врсничка поради кавга за сос од Мекдоналдс

Шеснаесетгодишна девојка била избодена со нож до смрт од страна на друга тинејџерка во Вашингтон,  соопшти полицијата. Прободувањето се случило за време на расправија околу сосовите од Мекдоналдс, објави огранокот на CBS WUSA-TV. Наима Лигон (16) била донесена во локалната болница каде починала од раните, соопштија од Метрополитен полицискиот оддел.

Според полицијата, тинејџерките од Валдорф, Мериленд нарачале храна во Мекдоналдс во D.C., а потоа заедно влегле во автомобил, објави огранокот на CBS WUSA-TV. Двете девојки потоа се скарале околу сосовите што им биле дадени, што довело до прободувањето.

Полицајците го привеле другото девојче под обвинение за убиство од втор степен, изјавија официјални лица. Таа имала нож кога била уапсена, соопшти полицијата.

Според првичните информации, девојката која ја пробола со нож својата пријателка во кавгата за сосот на Мекдоналдс, тврдела дека била нападната и дека делото го направила во самоодбрана.

Смртта на тинејџерката Лигон, ученичка на средното училиште Томас Стоун во Валдорф, се случи само ден пред почетокот на новата учебна година, објави WUSA.

„Ова е потресно и трагично време за нашата училишна заедница. Ова не е веста која директорот некогаш сака да ја сподели, а камоли ден пред да започнеме нова учебна година“, рече директорот Шаниф Перл во своето обраќање до родителите, вработените и учениците, по повод трагичниот настан.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО/ВИДЕО: Превртен автомобил на Партизанска во Скопје

Дејан Дејан

Кој со кого ќе коалицира и кои се црвените линии на албанските партии за учество во новата влада

Дејан Дејан

Ковачевски: Разговараме со партии на повеќе нивоа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе