Вести Свет Топ вести

(ФОТО) Русија уништи голем магацин за пченка во Украина

Русија изврши масовни бомбардирања во Украина во текот на ноќта, а украинските власти тврдат дека дел од ракетите погодиле голем магацин за пченка во регионот Хмелницки во западниот дел од земјата, што пак мобилизираше големи тимови на пожарникари кои се борат да го изгаснат пожарот.

Според Државните служби за вонредни состојби на Украина, 16 пожарникари и три противпожарни возила биле употребени за справување со пожарот во градот Старокостиантив, на половина пат меѓу Киев и Лавов.

Украинските безбедносни сили сметаат дека ракетирањето е одмазда за украинските напади со беспилотни пловила врз цели на руската морнарица, како и за нападите со дронови врз цели во Москва.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со лажни дијаманти измамил српски државјанин и му зел пари

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 27.04.2024

Дејан Дејан

Пендаровски: Истите луѓе кои упаднаа во Собрание, сега бараат власт, нивната кандидатка за претседател најавува нивна амнестија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе