Вести Свет

(Видео) Отпадоци од руски дронови врз три области во Киев, во Одеса погоден лифт за транспорт на жито

Руските сили ноќеска извршија обемен напад со беспилотни летала Шахед врз Киев. Според локалните власти, сите 10 дрона кои биле упатени кон Киев, биле навреме пресретнати и соборени.

Отпадоци од нив, сепак, погодија три области на главниот град, оштетувајќи зграда на која беа искршени прозорци.

Русија во текот на ноќта, исто така, изврши гранатирање врз цели во Суми и во Одеса каде е оштетен лифт за жито и предизвикан пожар во објектите за транспорт на клучниот извоз на жито во земјата.

Во регионот на Суми беа гранатирани пет населени места, пришто се извршени седум напади кои резултирале со 49 експлозии. Според податоците на регионалната управа, нема цивилни жртви, како и уништување на невоена инфраструктура по гранатирањето.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вреди и ВМРО-ДПМНЕ согласни за заедничка влада по изборите

Дејан Дејан

Павле Трајанов резибран за лидер на Демократски сојуз на 7-от Конгрес на партијата

Дејан Дејан

Бојаџиевска: Дубравка Угрешиќ не можеше да ја поднесе бруталната комерцијализација на уметноста

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе