Вести Свет

(Видео) Коња се затресе со јачина од 5,1 степени по Рихтер – нов силен земјотрес во Турција

Силен земјотрес со јачина од 5,1 степен според Рихтеровата скала, попладнево околу 18:45 часот, го погоди подрачјето на турскиот град Коња. Епицентарот на потресот бил на длабочина од 10 километри.

Од кабинетот на гувернерот на Коња информираат дека засега нема пријави за причинета материјална штета, пренесува Ројтерс.

Турскиот министер за здравство, Фахретин Коџа изјави дека итната помош не интервенирала за време на земјотресот.

На социјалните мрежи кружат снимки на кои се гледаат исплашени граѓани како бегаат од нивните домови.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Над 800 лица се заразени со норовирус на фестивал во Германија

Дејан Дејан

Македонија одбележува 23 години од масакрот кај Вејце, еден од најкрвавите и најбрутални во поновата историја на земјата

Дејан Дејан

Во послаба позиција од било кој негов претходник – Бајден со историски најнизок рејтинг според анкета на Галуп

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе