Вести Култура Македонија Топ вести

„Црно семе“ не е содржано во наставната програма за четврта година во стручните училишта уште од 2019 година

Делото „Црно семе“ не е содржано во наставната програма за четврта година во стручните училишта  уште од 2019 година, туку е планирано и поместено во лектирниот список, којшто се изедначува со лектирниот список за учениците од гимназиско образование, вака првиот човек на Бирото за развој на образованието Зеќирија Хасипи  реагира по бројните реакции на социјалните мрежи. Вели дека се отворени за дискусија дури и за прашања кои за првпат се јавуваат по 4 години од воведување на наставна програма.

  • Со оглед на тоа што одредени дела (како што е „Црно семе“) третираат историски прашања, тие се обработуваат како задолжителни четива, во рамки на часовите предвидени за обработка на лектири. Уште еднаш нагласуваме дека комисиите за изработка на наставните програми, составени од универзитетски професори, наставници и советници од Бирото за развој на образованието стручно, професионално и посветено одговараат на предизвиците со кои се соочуваат во развојот за на наставните програми- Зеќирија Хасипи, директор на Биро за развој на образование.

-Дали сте ја виделе програмата? Во таа програма, за која што говорите Вие, ги нема „Црно семе“ и „Црнила“, туку се само ставени како автори Коле Чашуле и Ташко Георгиевски.

  • Наставниците имаа слобода да ги разработат тие дела, а овие се главните дела што најдобро ги знаат професорите наставниците кои треба да ги изработат тие дела. Секогаш при изработка на новите наставни програми се одржуваат од страна на Бирото за развој на образованието, се одржуваат обуки на наставниците, во тие обуки се потенцираат најважните работи- Зеќирија Хасипи, директор на Биро за развој на образование.

За професор Лорета Георгиевска загрижува фактот зошто во донесувањето одлуки не се консултирани компетентни институции, меѓу кои и Институтот за македонска литература да даде свое мислење во однос на наставните програми во средните училишта по предметот Македонски јазик и литература.

  • Тоа е сериозен пропуст на системско ниво на државата. Станува збор за ремек дела од македонската книжевност дела во кои може да се посочат разни стилски формации, како навлегуваат во историската проблематика. Навистина е несфатливо како можат овие дела да бидат ставени на маргините, ајде да не речам исклучени бидејќи стојат како имиња во програмата, на маргините на проучувањето- проф. д-р Лорета Георгиевска, Институт за македонска литература.

Важно е да се подигне свеста за улогата на колективната и културната меморија, за да не се доведува под знак прашање квалитетот на образовната дејност и она што е книжевна традиција, додава Георгиевска.

Нина Стефанова

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со лажни дијаманти измамил српски државјанин и му зел пари

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 27.04.2024

Дејан Дејан

Пендаровски: Истите луѓе кои упаднаа во Собрание, сега бараат власт, нивната кандидатка за претседател најавува нивна амнестија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе