Вести Македонија

ИРИ: Недостиг на доверба во владеењето на правото

Седумдесет и девет проценти од граѓаните го поддржуваат членството на Македонија во Европската унија, што е зголемување за шест проценти од октомври 2022 година. Ова го покажа најновата анкета на Меѓународниот републикански институт (ИРИ) спроведен од Центарот за анкетни истражувања - Брима, од 8 април до 4 мај 2023, преку интервјуа лице в лице спроведено на 1,204 испитаници.

Но иако поддршката за ЕУ се зголемува, мислењето кога Македонија би станала членка е приближно исто поделно меѓу оптимистите и оние кои се малку помалку оптимисит. Па така, 49 проценти од граѓаните сметаат дека тоа би се случило од една до 10 година, додека 45 проценти се на став дека тоа ќе се случи з аповеќе од 10 години или никогаш. За преговори со моменталната преговарачка рамка предложена од фарнцуското претседателство поддршка даваат 41 проценти од испитаниците, додека 50 проценти се против, а 10 проценти одбиле да се изјаснат.

Иако граѓаните сакаат да влезат во Европската унија, не ја гледаат Унијата на ист начин кога е во прашање двањето помош за националните интереси на земјава. Според четвртина од испитаниците или 25 проценти, најголема помош за националните интереси на земјава и дава Турција, Европската унија е на второт место со 18 проценти, па Германија со 13 и САД со 11 проценти.

Анкетата на ИРИ го мерела разположението на граѓаните кон институциите и нивната работа. Па така на прашњето дали владеењето на правото, под што се подразбира дека сите се одговараат пред законите и Уставот и оти тие се применуваат врз сите, дури 65 проценти одговориле дека донекаде или воопшто не се согласуваат со тоа, односно дека нема владеење на правото во Македонија. Само 6 проценти од граѓаните силно се согласуваат дека има владеење на правото, додека 25 донекаде сметаат дека има владеење на правото во земјата, што е најниско ниво досега.

Испитувањето на јавнотот мислење покажало дека банките уживаат најголема доверба кај граѓаните со 55 проценти, по што со по 48 проценти следат медиумите и образовните институции, по што следи полицијата со 47 проценти. На владата и веруваат 25 проценти, а на Собранието и на политичките партии по 24 проценти од граѓаните, додека опозицијата ужива доверба од 32 проценти од испитанците. Граѓанскиот сектор има доверба од 37 проценти. Во судството и обвинителството целосно веруваат само еден процент од граѓаните, додека делумно им веруваат 18 односно 17 проценти.

На прашањето пак кои тројца министри најдобро си ја врши работата Оливер Спасовски вкупно добил 12 проценти, пред Ковачевски со 11 и Бујар Османи со 9 проценти. Сепак мора да се потенцира дека дури 51 процент од граѓаните сметаат дека ниту еден министер не си ја врши добро работата, а 10 проценти или не знаат или одбиле да одговорат.

Меѓу политичарите најомилен е претседателот Стево Пендаровски со 38 проценти, втор е поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Гриевски со 30 проценти и веднаш зад него актуелниот лидер на опозицијата, Христијан Мицкоски со 29 проценти. Премиерот Ковачевски е омилен кај секој четврти граѓанин, односно за 25 проценти од испитаниците. Доколку пак в недела би се одржале избори 19 проценти би галсале за ВМРО-ДПМНЕ, 11 за СДСМ, 8 за ДУИ, 5 за Алијанса за Албанците и 4 за БЕСА.

Сиромаштијата, нискиот стандар, секојденвните пробелми, високите цени и економската ситуација се трите набројани најголеми проблеми за секој четврти граѓанин во земјава.

Анкетата покажала и дека 56 проценти од граѓаните сметаат дека државата се движи во погрешна насока, што е подобрен скор од 2 проценти споредено со октомври 2022 година.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израел планира копнена офанзива во Рафа – предупредување на палестинскиот претседател Абас

Дејан Дејан

Пет лица загинаа, 33 се повредени, 140 фаврички погони се оштетени – торнадо во Кина

Дејан Дејан

Над 800 лица се заразени со норовирус на фестивал во Германија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе