Вести Свет

Хакерски напад врз швајцарската федерална администрација

Швајцарската федерална администрација денеска беше цел на кибер-напад поради што официјалните мрежи и страниците на компаниите поврзани со неа беа недостапни, соопшти владата.

Одговорноста за нападот познат како напад со дистрибуирано одбивање на услуга (DDoS), кој го оневозможува пристапот до веб-страниците преплавувајќи ги со барања за пристап, ја презеде групата „No name“, која изврши сличен напад на веб-страницата на швајцарскиот Парламент минатата недела, се додава во соопштението.

Националниот центар за кибер безбедност спроведува истрага, но во соопштението се уште нема подетални информации за хакерите на групата „No name“.

Центарот „го анализира нападот заедно со засегнатите административни служби и ги утврдува потребните мерки“, нагласуваат надлежните, додавајќи дека во DDoS нападите не се губат податоци.

На почетокот на јуни, швајцарските власти соопштија дека истражуваат втор информатички напад врз давател на услуги чии клиенти вклучуваат многу федерални и кантонални министерства, вклучително и армијата и федералната полиција.

Тој напад на хакерската група PLAY беше насочен против компанијата Xplain AG, швајцарска компанија специјализирана за ИТ решенија во областа на внатрешната безбедност.

И два швајцарски весници, CH Media и NZZ, неодамна беа жртви на нападите на PLAY.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Променливо облачно, попладне на повеќе места нестабилно – Временска прогноза за 2.5.2024

Дејан Дејан

(ФОТО) Повеќе од 100 лица приведени за време на протестите во „Сити“ колеџот во Њујорк

Дејан Дејан

(ФОТО) Повеќе од 400-тини желки спасени во бурата во Јужна Африка

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе