Вести Свет Топ вести

Маск: Сорос е мутант кој го мрази човештвото

Милијардерот Илон Маск со свој коментар за гласиштата за смртта на Џорџ Сорос кој подоцна ги демантораше и самиот Сорос.

Маск го спореди Сорос со еден од главните вселенски негативци од стриповите на Марвел – мутантот Магнет кој е опседнат со идејата за супериорност на мутантите врз луѓето.

„Тој сака да го уништи самото ткиво на цивилизацијата. Сорос го мрази човештвото“, додаде сопственикот на Твитер.

Вчера на социјалните мрежи почна да се шири вест за смртта на Џорџ Сорос од срцев удар. Веста првобитно беше објавена од блогерот Мет Валак на Твитер, меѓутоа Сорос преку својот официјален налог напиша:

„Ова не е првпат Сорос да биде „погребан“. Гласиштата дека сум имал срцев удар се целосно лажни. Жив сум и здрав“, напиша Сорос.

Некролог на Сорос понекогаш се појавува во медиуми, а таков објави и „Ројтерс“ во 2013 година.

Џорџ Сорос има 92 години. Милијардерот не работел само во САД, туку и со руските олигарси, особено со Михаил Потањин, а соработуваше и со Украинецот Виктор Пинчук.

„Потроши стотици милиони долари да ги принуди медиумите да ги следат светските случувања како што сака тој“, наведе „Фокс њуз“.

Сорос во Давос изјави дека цивилизацијата би можела да исчезне по рускиот напад во Украина и додаде оти „примирјето е недостижно, бидејќи на Путин не може да му се верува“. Во март лани напиша текст во кој наведе дека нападот на Русија врз Украина означи почеток на Трета светска војна и дека тоа има потенцијал да ја уништи цивилизацијата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со лажни дијаманти измамил српски државјанин и му зел пари

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 27.04.2024

Дејан Дејан

Пендаровски: Истите луѓе кои упаднаа во Собрание, сега бараат власт, нивната кандидатка за претседател најавува нивна амнестија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе