Вести Свет Топ вести

Киев под интензивен руски ракетен напад, Украина соборила 18 проектили

Руските сили рано утринава извршија интензивен воздушен напад врз Киев користејќи беспилотни летала и крстаречки бродови, а можеби и балистички ракети, објавија градските власти. Ова е осми воздушен напад овој месец.

Врховниот командант на вооружените сили на Украина Валериј Залужни изјави денеска дека украинските сили ги собориле сите 18 проектили лансирани од руските сили во ноќешниот интензивен напад, вклучително и шест проектили Кинжал.

Тој изјави дека руските сили ја нападнале Украина од север, југ и исток со 18 ракети од различен тип од воздух, море и копно.

Според него, Русија истрелала шест ракети Кинжал од авиони МиГ-31К, девет крстаречки ракети Калибар од бродови во Црното Море и три ракети Искандер од копно.

Британската влада вчера ѝ вети на Украина испорака на стотици ракети за противвоздушна одбрана и борбени дронови. Новата воена помош ќе биде испорачана „во наредните месеци“, соопшти Лондон.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со лажни дијаманти измамил српски државјанин и му зел пари

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 27.04.2024

Дејан Дејан

Пендаровски: Истите луѓе кои упаднаа во Собрание, сега бараат власт, нивната кандидатка за претседател најавува нивна амнестија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе