Вести Свет

Поплави и во Босна и Херцеговина, јужниот дел од земјата во портокалова фаза

Една општина во западниот дел на Босна и Херцеговина прогласи состојба на природна несреќа, додека портокалово предурпедување беше објавено и на југот од земјата поради поројните дождови кои предизвикаа зголемување на водостојот и реките Уна, Сана и Клокота.

Вонредна состојба прогласи општината Сански мост, каде што поради излевањето на две реки поплавени се десетина домови, а прекинат е и сообраќајот во околината на градат.

Со надојдена вода се бори и градот Бихаќ.

Во реонот на Бихаќ најтешка е ситуацијата во две месни заедници, Кулен Вакуф и Орашац. Во Кулен Вакуф се поплавени неколку куќи, изјави Мухамед Паченковиќ, помошник директор на цивилната заштита на Унско-Санскиот кантон.

Босанскиот хидрометеоролошки завод соопшти дека на југот од Босна и Херцеговина се очекуваат врнежи од 30 до 60 литри на метар квадратен.

Ги предупредуваме граѓаните да бидат подготвени да се заштитат себеси и својот имот, затоа што се можни поплави на домови и сообраќајните мрежи, нарушување на снабдувањето со електрична енергија, вода и комуникациите, се вели во соопштението на Хидрометеоролошкиот завод.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бојаџиевска: Дубравка Угрешиќ не можеше да ја поднесе бруталната комерцијализација на уметноста

Дејан Дејан

Бојмацалиев: Политичките партии да намалат со националистичка реторика

Дејан Дејан

Силјановска со најмногу донации, Пендаровски со најмалку

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе