Вести Македонија

Ампева: Чувари на „Никоб“ во државните институции под притисок – да потпишат спогодбен отказ, во спротивно прекоманда во друга општина

Исплата на плата од 100 денари до 15-ти во месецот, а остатокот од минималната плата до крајот на месецот, без додатоци на плата, со вакви проблеми се соочуваат чуварските служби на државните институции, а вработени во „Никоб обезбедување“, открива Кристина Ампева од „Гласен Текстилец“ на денешната прес-конференција. Забележа 163 вработени деновиве се под притисок да потпишат спогодбени откази, оние кои нема да ги потпишат се распределуват по други општини. Таков е примерот со работник од Пробиштип кој сега треба да ја обезбедува општинската зграда во Куманово.

Договорот на „Никоб за обезбедување“ на државните институции е до 2024 година и е со назнака деловна тајна, но Ампева открива дека станува збор за тендер од 200 милиони денари и бара од Владата и службата за општи работи да реагира на кршењето на работнички права. Од „Никоб“ попладнево стигна одговор во кој се вели дека компанијата ги оценува како тенденциозни и крајно непрофесионални нападите кои ги лансираше „Гласен текстилец“ во врска со деловната одлука на корисникот на услуги. Оттаму велат дека станува збор за промена на начинот на обезбедување од 24 часовен на 12 часовен и од тие причини вработените биле прераспределени на други објекти.

„Од непознати причини мал дел од вработените одбија да бидат распределени во рамки на можностите кои во моментот ги има компанијата. Право на личен избор на секој од нив е дали тоа ќе го прифатат или не. Компанијата „Никоб обезбедување“ останува посветена на високите стандарди за работа и давање на врвни услуги од нашиот домен на работа“, се вели во соопштението на „Никоб“.

Минатата недела  „Гласен Текстилец“ имаат доставено барање за инспекциски надзор и сега го чекаат одговорот од Државниот инспекторат за труд и Управата за јавни приходи.

Викторија Димитрова Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Павле Трајанов резибран за лидер на Демократски сојуз на 7-от Конгрес на партијата

Дејан Дејан

Бојаџиевска: Дубравка Угрешиќ не можеше да ја поднесе бруталната комерцијализација на уметноста

Дејан Дејан

Бојмацалиев: Политичките партии да намалат со националистичка реторика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе