Вести Свет Топ вести

Сервер: Новата анекс верзија за договорот меѓу Белград и Приштина со два недостатока – нема суштина и потпис од Србија

Даниел Сервер, професор на Универзитетот „Џонс Хопкинс“ во Вашингтон, смета дека последната верзија на анексот за спроведување на договорот за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина има два големи недостатоци.

Првиот е што се „фокусира на процесот, наместо на суштина“, што според останатото значи, дека не подразбира „обврска за признавање на суверенитетот и територијалниот интегритет на Косово“, додека вториот е повторно одбивање на Србија да потпише.

„Тие повеќе ја обврзуваат Европската Унија отколку Србија и Косово. Обврската не се протегнува до признавање на суверенитетот и територијалниот интегритет на Косово, бидејќи договорот за нормализација не е во оваа референтна точка“, напиша Сервер на својот блог претпладнево.

Тој тврди дека претседателот Александар Вучиќ повторно не го потпиша договорот во Охрид, бидејќи наводно „стравува од внатрепни реакции во Србија“, каде, како што тврди, „владеат етничко-националистички страсти и омраза кон Албанците“.

Професорот вели дека Американците и Европската Унија, наводно, извршиле голем притисок врз косовскиот премиер, Албин Курти, додека „заземале поинаков пристап кон Вучиќ“ и како што додава „однапред го наградиле“.

Со тоа, според него, на Вучиќ му се дава „дипломатски простор што му е потребен да одбие да потпише“. Сервер додава и дека најновата верзија на анексот „нема реципроцитет“.

„Србија ќе добие самоуправа за своите граѓани на Косово, но Албанците кои живеат на југот на Србија, во споредба, немаат ништо“, пишува Сервер и заклучува дека „не постојат ниту рокови за постигнување на дефинираните цели“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со лажни дијаманти измамил српски државјанин и му зел пари

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 27.04.2024

Дејан Дејан

Пендаровски: Истите луѓе кои упаднаа во Собрание, сега бараат власт, нивната кандидатка за претседател најавува нивна амнестија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе