Вести Свет Топ вести

САД го поздравија договорот меѓу Србија и Косово во Охрид – Вучиќ и Курти покажаа лидерство

Соединетите Американски Држави го поздравија договорот што викендот го постигнаа Србија и Косово во Охрид, со посредство на Европската Унија (ЕУ), за имплементација на Договорот за патот кон нормализација на односите, соопшти Стејт департментот.

„Ги пофалуваме претседателот на Србија и премиерот на Косово за нивното лидерство во постигнувањето на договор. Исполнувањето на обврските на Косово и Србија од Основниот договор, во рамките на трајната определба за помирување, ќе обезбеди значителни можности за граѓаните на двете земји и да го забрзаат нивниот пат кон членство во Европската унија“, се вели во соопштението на американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

Во соопштението се додава дека САД ќе продолжат да бидат активно ангажирани, во соработка со партнерите од ЕУ, „да ги поддржат Косово и Србија во нивната работа на имплементација со цел да се постигнат предвидливи и мирни односи“.

„Ќе продолжиме да го поддржуваме подобрувањето на стабилноста и просперитетот на Западен Балкан“.

Во соопштението, се заблагодарува на ЕУ за посредувањето во преговорите и на Владата на Северна Македонија што била домаќин и поддржала финализирање на договорот.

Блинкен на својот Твитер профил, исто така, изјави дека го поздравува договорот. Тој додаде дека САД остануваат „посветени на унапредување на европската и евроатлантската интеграција“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со лажни дијаманти измамил српски државјанин и му зел пари

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 27.04.2024

Дејан Дејан

Пендаровски: Истите луѓе кои упаднаа во Собрание, сега бараат власт, нивната кандидатка за претседател најавува нивна амнестија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе