Вести Свет

Русија со „контранапад“ до судот во Хаг – Кривично ќе го гони обвинителот кој издаде налог да се апси Путин

Руското првосудство сега покренува кривични постапки против судиите од Меѓународниот кривичен суд, откако судот во Хаг издаде налог за апсење за рускиот претседател Владимир Путин,

Обвинението на руските истражители гласи: илегално апсење и подготовка за напад врз челник на странска држава, заштитен од кривичен прогон, како што стои во соопштението издадено денеска од страна на националниот Истражен комитет.

Истрагата е насочена и против главниот обвинител на МКС, Ахмед Кан и уште неколку судии во Меѓународниот кривичен суд чие седиште е во Ден Хаг, кои во петокот издадоа потерница за Владимир Путин поради сомнение за извршени воени злосторства во Украина, што е преседан – прв пат се издава налог за апсење за претседател на една атомска сила.

На товар на Путин се става киднапирање и насилна депортација на деца од окупираните украински територии. Русија пак тврди дека сака само да ги засолни децата на сигурно од областите каде се водат борби. Повеќе од 16.000 украински деца се депортирани во Русија од февруари.

Русија не го признава МКС, исто како и САД и Кина, но Римскиот статут за Меѓународниот кривичен суд го имаат ратификувано повеќе од 120 држави.

Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков денеска изјави дека Русија „лежерно го примила на знаење” издадениот налог за апсење за Путин. Поранешниот руски претседател Дмитри Медведев даде драстична изјава – се закани со напад со хиперсонични ракети на Меѓународниот кривичен суд во Холандија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бојаџиевска: Дубравка Угрешиќ не можеше да ја поднесе бруталната комерцијализација на уметноста

Дејан Дејан

Бојмацалиев: Политичките партии да намалат со националистичка реторика

Дејан Дејан

Силјановска со најмногу донации, Пендаровски со најмалку

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе