Вести Македонија

Застој во градежните активности за пробивање на булеварот „Благоја Тоска“

Застој во градежните активности за пробивање на булеварот Благоја Тоска, проект кој граѓаните го чекаат со децении, за да се растовари сообраќајниот метеж во Тетово. Од локалната самоуправа велат дека фирмата изведувач направила пауза поради временските прилики. 65% од работите се завршени, а најавите се дека ќе биде целосно готов до крајот месецов.

Работата на Општината е дека експропријацијата е завршена. Значи таму имало 18 места што требало да бидат експроприрани и за 8 месеци таа работа е завршена. Сега се друго зависи од динамиката што ја води претпријатието, нормално дека ние имаме и надзор кој оди таму секој ден и нормално ако доцнат со работата ќе имаат негативни бодови, санкции каде што ќе видиме понатаму што ќе правиме, ќе неможат да конкурираат во други тендери ако доцнат многу, изјави претседателот на советот бесар дурмиши.

Токму овој проект на последната седница на Советот предизвика препирки со опозицијата, односно советниците на ДУИ побараа побрзо да се заврши, додека од советничката група на СДСМ сметаат дека причината за застојот не е оправдана.

Не знам тоа колку е искрено. Мислам дека како оваа година што немало зима, ниедна година, мислам дека тоа не е проблем и не е пречка да се продолжи да се гради улицата, вели советникот д редовите на сдсм глигорије стојановски.

Жителите на Тетово ветувањата за продолжување на булеварот ги добиваат од сите досегашни власти. Велат дека треба да се забрзаат работите, но и повеќе да работи на санација на споредните улици, затоа што голем дел од нив се полни со дупки.

Од инфраструктурата во градот не сме за задоволни, кај да тргнеш сѐ дупки. Нема кај да поминеш, пешки не можеш, а не со кола. јас не знам како со коливе одат по овие дупки, нови коли, какви коли доаѓаат да се кршат, вели еден граѓанин.

Инаку, за градот во кој владее сообраќаен хаос, сегашната локална самоуправа во програмата за работа за патната инфраструктура како приоритет издвои отворање на три булевари како глава „артерија“’ на градот: булевар Центар – Илинден, подолжување на булеварот Благоја Тоска и булеварот Видое Смилески Бато.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бојаџиевска: Дубравка Угрешиќ не можеше да ја поднесе бруталната комерцијализација на уметноста

Дејан Дејан

Бојмацалиев: Политичките партии да намалат со националистичка реторика

Дејан Дејан

Силјановска со најмногу донации, Пендаровски со најмалку

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе