Вести Македонија Топ вести

Предлогот за Заедница на албански општини беше погрешно разбран, тврди генералниот секретар на Алтернатива Зекирија Ибрахими

Генералниот секретар на Алтернатива и пратеник во Собранието, Зекирија Ибрахими, од кого и потекна предлогот за создавање на Заедница на албански општини, по урнекот на предложената Заедница на српски општини на Косово, во вечерашната Топ Тема на Телма, тврди дека предлогот бил лошо разбран од останатите партии, и затоа бил експресно одбиен. Тврди дека неговиот предлог мора да се смета дека има три нивоа.

Едниот е во тоа што во една држава како што е Косово, која и по Устав е потполно граѓанска и мултиетничка држава се наметнува една заедница што е едноетничка. И затоа сакав само да го доловам парадоксот на тие што ја наметнуваат таа заедница, инаку цело време спонзорираат едно мултиетничко и граѓанско општество во Косово, а со тоа создаваат една чисто моноетничка заедница. Вториот дел на читање е бидејќи имаше еден повик од ВМРО-ДПМНЕ за влада без Албанци, јас само го исфрлив како идеја дека секогаш има и друга алтернатива. Ако вие сакате влада без Албанци, тогаш и Албанците ќе посакуваат нешто што ќе биде без Македонци. И третото читање е всушност само во рамките на тоа што го дозволува Уставот и законите, според Законот за локална самоуправа се овозможува формирање здруженија на општини за реализација на развојни проекти, итн. Законот не прецизира дека се забранува по етничка линија, рече Ибрахими.

Тврди дека токлувањата дека предлогот е со сепаратистички тенденции од страна на сите останати партии избрзани и погрешени. Но, професорката Силјановска Дафкова смета дека ваквата заеднциа би донела повеќе штета на Албанците, отколку корист.

Јас мислам дека ваквата зедница дури би ги редуцирала правата на албанските општини, бидејќи тогаш имаме една асоцијација на сите општини која што се вика ЗЕЛС, и во која што се вели дека правото на здружување како партер на државата го има онаа асоцијација која што во себе вклучува две третини од општините. Вака вие би се само изолирале, не само по етничка основа, туку и по друга. Јас ве уверувам дека, бидејќи ги споредувам уставите на Косово и Македонија, дека рамковните решенија се далеку над решенијата во поглед на заштитата на правата на малцинсвата, заедниците како што вели, се дѐлеку над овие стандарди, рече професроката Силјановска Дафкова.

Таа посочи на примерот со каталонските обиди за независност од Шпанија и референдумот кој се одржа во 2017 година, но беше поништен од Уставниот суд кој пресуди дека референдум за независност на регионот би требало да се одржи на териториајта на целата Шпанија, а не само во Каталонија.

Ние сме унитарна држава, држава на сите граѓани, во која што сите заедно треба да го делиме и доброто и лошото. 2001 година беше потпишан охридскиот рамковен договор, кој што ние за овие 22 години, неговиот дух и неговата интенција веќе ја внесовме не само во Уставот туку и во практичното битисување и живеење на ова општество и на оваа држава. Она што не ни треба е создавање на енклави, значи имаме Закон за локална самоупшрава, го имаме ЗЕЛС, и можноста да општините меѓусебно соработуваат апсолутно не е исклучена, тие сите се членки на ЗЕЛС но меѓуоппштинската соработка останува, рече пратеничката од редовите на СДСМ Ванчева.

Предлогот не е прифатлив ниту за ДУИ. Пратеничката Вјолца Адеми предлогот го оцени како патетичен и антиевропски.

Заедницата на српски општини произлезе од бриселскиот договор меѓу Косово и Србија во 2013 година, и тој договор после се дополни во 2015 година, поради структурното организирање на самата организација, но таа заедница, тој пример во Косово никако не може да се преслика во нашата држава. Согласно законот за локална самоуправа, согласно Законот за меѓуопштинска соработка, можат општините во екој форма, во одреден момент ако имаат интерес за одредена тема да започнат соработка меѓусебе, рече пратеничката .

Адеми за предлогот на Ибрахими: Ова ви е само неуспешен обид да опстанете на политичката сцена

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европското првенство во Задар

Дејан Дејан

Силјановска: Доаѓа времето на жените, време е за машка еманципација

Дејан Дејан

Еден затвореник полесно повреден во инцидент меѓу две групи во затворот во Шуто Оризари

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе