Вести Македонија

Адеми за предлогот на Ибрахими: Ова ви е само неуспешен обид да опстанете на политичката сцена

Генералнито секретар на Алтернатива продолжува да го брани својот предлог за создавање на заедница на албански општини, постојано правејќи споредби меѓу Македонија и Косово. Ибрахими излезе и со забелешки и за македонскиот Устав, каде оценува дека Албанскиот народ и јазик е поставен во подредена положба на Македонците и македонскиот јазик

Србите во Косово се 4 до 5 проценти а државата е дефинирана како држава на граѓаните на Косово, значи не е како кај нас една хиерархија „македонскиот народ и заедниците“. Заедниците се сметаат за малцинства. Друга работа, Уставот на Косово го става на исто рамниште српскиот и албанскиот јазик, во нашиот Устав се употребува цел еден параграф за да не се спомне зборот албански јазик и покрај тој корпус на такви права за Србите тие таму инсистираат и за заедница на српски општини. Ако во Скопје се спомнува синтагмата „албански општини“ тоа создава нервоза. Јас ги разбирам и СДСМ и ВМРО, што они стравуваат, инсистира Ибрахими.

Ги отфрла тврдењата дека неговата партија се дистанцира од предлогот и тврди дека станува збор само за техничка работа бидејќи немало состанок на партиските тела. Исто така изјави и дека за објавувањето на предлогот дозвола дал и партискиот лидер Гаши.

Ваквите негови тврдења беа експресно отфрлени од професорката Силјановска Дафкова.

Споредбите крајно време е да ги правиме со стандардите на ЕУ а не на Балканот една со друга држава. Косовските проблеми се сосема различни од македонските. Кога цитиравте дека имало акцент врз Македонците, не е така, во Членот 3 се вели дека Република Косово е мултиетничко општество составено од Албанци и од други заедници. А во Преамбулата на Уставот пишува граѓаните, па Македонците, дел од Албанскиот народ,. Молам да не се интерпретира погрешно ставот на ВМРО-ДПМНЕ околу состав на влада. Сите партии кога излегуваат на избори бараат мнозинство, и во тоа нема ништо погрешно, зошто, за да ја спроведат програмата. Никогаш во Македонија немало моноетничка влада, дури ни во втората, кога имало двотретинско мнозинство на Сојузот на Македонија, ниту ќе има. Затоа на сите избори има еден победник и победникот си го избира коалициониот партнер, рече професорката Силјановска Дафкова.

Мултуиетничкоот карактер на македонското општество мора да се сочува и да се рефлектира во јавниот живот, цитираше дел од Охридскито рамковен договор таа.

Вие со вашиот предлог ги сегрегирате прво Албанците меѓу себе, на оние кои се внатре во заедницата и оние кои се надвор, ама правите сегреганица и по етничка основа. Локалната самоуправа и здруженијата немаат ништо верувајте ми со етничката припадност, локалната самоуправа е постара од државата и настанала кога немало ниту држави. Тоа е првата задница на соработка на луѓето, врз основа на локусот на просторот, без оглед на етничката припадност. Не враќајте нѐ назад, предупреди професорката Силјановска Дафкова.

Интерпретацијата на Ибрахими беше отфрлена и од пратеничката Вјолца Адеми.

Уставот го препознава албанскиот народ како државотворен народ покрај Македонскиот народ. Го спомнавте и ДУИ и јас со гордост ќе речам дека за сите права кои ги има денеска Албанскиот народ заслужна е ДУИ. Јас знам дека ова ви е неуспешен обид за да опстанете на политичката сцена. Ама немојте на народот да му фрлате вакви идеи, за кои како што пред малку реков, се регрес за Албанците а не се прогрес. Така што една година бевте во влада ни „п“ не рековте од предлогот, само пет минути после излегувањето од влада излеговте со предлог кој, пак ќе кажам, е само ваш обид да опстанете на политичката сцена, рече пратеничката од ДУИ Вјолца Адеми.

Предлогот за Заедница на албански општини беше погрешно разбран, тврди генералнито секретар на Алтернатива Зекирија Ибрахими

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца прилепчани носеле 3 килограми марихуана и автомат со рент-а-кар

Дејан Дејан

Дејан Дејан

Договор во три фази кој вклучува повлекување на Израел од Газа – Хамас прифати предлог за примирје кое би водело до траен прекин на огнот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе