Вести Свет Топ вести

Хамас: Повикот на Израел до цивилите да евакуираат од Рафа ќе доведе до колапс на преговорите за примирје

Официјален претставник на Хамас за порталот Вала изјавил дека повикот на Израел до цивилите да евакуираат делови од Рафа пред потенцијална копнена офанзива ќе доведе до колапс на преговорите за договор за заложниците и примирје.

  • Израелската одлука да започне евакуација на населението ќе ги запре преговорите за договорот, кои добро напредуваа и бевме блиску до договор, изјавил претставникот на исламистичката терористичка група за новинската страница Вала.

Нетанјаху е во илузија дека заканата за инвазија врз Рафа ќе изврши притисок врз Хамас, но тоа само ќе доведе до колапс на преговорите, вели претставникот, пренесува Тајмс од Израел.

Високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, изјави дека на северот на Појасот Газа настанал целосен глад и оти гладот сега му се заканува и на југот.

Во апелот на социјалните мрежи, Борел повика на „итен хуманитарен прекин на огнот“.

Тој нагласи дека резолуцијата 2728 на Советот за безбедност на Обединетите нации треба целосно и веднаш да се спроведе.

– Итно е потребен прекин на огнот за да се ослободат затворениците и да се обезбеди помош за гладните луѓе, рече Борел.

Тој потсети дека Израел „има обврска да обезбеди целосен, безбеден, брз и непречен пристап до хуманитарна помош во голем обем“.

Борел исто така ги осуди ракетните напади на Хамас и Исламски џихад врз регионот Керем Шалом во јужен Израел.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе