Вести Избори 2024 Македонија

Парламентарни избори 2024 – Изборна хроника 04.05.2024

Еве дел од пораките на политичките партии како дел од кампањата за Парламентарни избори кои ќе се одржат на 8 мај 2024.

Конфискација на украденото, бара партијата Демократи. Предупредуваат дека државата не може да напредува доколку не му се спротивстави на политичкиот и на стопанскиот криминал.

Земјоделците треба да добијат сигурен пласман на нивните производи. За тоа ќе се ангажира Коалицијата Храбро за Македонија.

Категорично НЕ за промена на уставот, порачаа  преку видео порака од Нова Алтернатива. Неопходно е да се стави крај на оние кои пред избори ветуваат економски просперитет, подобар животен стандард и повисоки пензии и плати, а по избори единствен проект им е измена на Уставот и промена на името е велат од паријата.

Категорично НЕ за промена на Уставот, порачаа  преку видео порака од Нова Алтернатива. Неопходно е да се стави крај на оние кои пред избори ветуваат економски просперитет, подобар животен стандард и повисоки пензии и плати, а по избори единствен проект им е измена на Уставот и промена на името е велат од паријата.

„Премиер за сите“! Овој дел од изборната програма на ДУИ го претстави Талат Џафери, како кандидат за пратеник во идниот парламентарен состав. Смета дека доследно и професионално ја извршувал улогата на прв премиер Албанец, со што станал пример за одговорност, зрелост и взаемна почит.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Не се прифатени тужбите на ДУИ за изборите, одлучи Управниот суд

Дејан Дејан

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе